Дожд од голови во Ријад – два гола на Роналдо, еден на Меси, победа за ПСЖ со 5:4

323

Во Ријад се одигра спектакуларен пријателски меч помеѓу ѕвездите во најсилната лига на Саудиска Арабија, поточно од Ал Хилал и Ал Наср и францускиот првак ПСЖ. Победи ПСЖ со 5:4, а на мечот настапија и најголемите светски ѕвезди Кристијано Роналдо и Лео Меси.
Меси го отвори резултатот во 3. минута, а изедначи Роналдо во 34. минута од пенал. Следуваше црвен картон за играчот на ПСЖ, Хуан Бернат но четири минути подоцна гол даде Маркињос за водство на ПСЖ. Следуваше пенал за Нејмар но Бразилецот промаши и на спротивната страна Роналдо изедначи.
Серхио Рамос го донесе водство за ПСЖ, а изедначи Кореецот Јанг Хјун-Со. Мбапе зголеми на 3:4 од пенал, а Екитике на 3:5. Во финишот Талиска погоди за тимот на ѕвездите и го постави конечниот резултат.

ПретходноОхрид се пофали со двометраш од Алжир! (ФОТО)
СледноТурска лига и се е можно…. судија најдов боксирач на терен