Мареј одигра уште еден епски меч кој траеше шест часа, на крајот и победи!

94

Енди Мареј, како во првото коло, така и во второто одигра епски меч на АО во Мелбурн и успеа по цели шест часа да победи и да се пласира во следината рунда. Британецот победи со 3:2 во сетови против Танаси Кокинакис. Интересно е тоа што според австралиското време, овој натпревар заврши дури во четири часот по полноќ. Меч кој почна во четврток а заврши во петок.

Инаку по сетови мечот се одвиваше вака: 4:6, 6:7, 7:6, 6:3 и 7:5. Значи Мареј губел со 0:2 во сетови, но на крајот сепак победи со 3:2 против тенисерот од Австралија.

ПретходноМеси веднаш му покажа на Роналдо кој е кој! (ВИДЕО)
Следно„Експлозија“ во Ријад: Роналдо постигна гол од пенал! (ВИДЕО)