Новак Ѓоковиќ успеа, и покрај проблемите со повредата на мускулот, да го победи Енцо Куако и да се пласира во третата рунда на АО.
По мечот тој беше задоволен, но исто така загрижен.
Имено Србинот посочи дека ситуацијата со повредата воопшто не е добра:
“Искрено, воопшто не е добро. Можам да одам од ден во ден, од меч во меч. На минатиот натпревар подобро се чувствував отколку денеска. Тоа е се што можам да кажам. Само се молам на Господ дека се ќе биде добро, ама…“ истакна Ѓоковиќ.