Негувајќи ги заложбите за општествена одговорност, тимот на Државна видеолотарија уште еднаш, традиционално во хумана мисија. Во Институтот за трансфузиона медицина од Скопје , реализиравме крводарителна акција.
Со дарување крв од страна на вработените, Видеолотарија Касинос Австрија во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје, успешно ја реализираше и најновата крводарителната акција, со што уште еднаш покажа хуманост на дело. Списокот на вработени кои даруваа крв, беше надополнет и со нашиот бренд амбасадор, автомобилскиот шампион Игор Стефановски Иџе.
„Крводарителството е доброволна акција, која некому може да му го спаси живот. Постапката за дарување е брза и мошне едноставна, а јас скоро секогаш кога сум во можност, практикувам да се вклучам во вакви хумани активности“, изјави Игор Стефановски Иџе.
Акцијата веќе е убава хумана традиција, која ја практикуваме како колектив, додека голем дел од вработените практикуваат и индивидуално да поддржуваат вакви хумани активности. На овој начин, Видеолотарија дава придонес во спасувањето човечки животи и во промовирање и поттикнување на доброволното дарување крв.
Крводарителството е доброволен чин и индивидуален одраз на хуманост и на солидарност. Крводарител може да биде секое лице на возраст од 18 до 65 години, со добра општа здравствена состојба. Според критериумите за крводарување, мажите може да даруваат крв на секои 3, а жените на секои 4 месеци. Едно крводарување може да спаси 3 до 4 човечки животи.