Крихмаер со триумф на славната „Штрајф“, Гоџа најдобра во Кортина Д’Ампецо

112

Австриецот Винсент Крихмаер ја запиша третата победа во спуст сезонава во Светскиот куп во алпско скијање. Австриецот денеска победи на домашен терен, во спустов во Кицбил на славната патека „Штрајф“.

Изненадувачки, второто место со заостанување од 23 стотинки му припадна на Италијанецот Флоријан Шидер на кого ова му е првпат да застане на подиумот во СК. Третото место го освои Швајцарецот Нилс Хинтерман.

Утре на „Штрајф“ ќе се одржи уште еден спуст, а потоа на патеката „Ганслерн“ ќе се вози слалом.

Во женска конкуренција домашна победа на Софија Гоџа во спустот во Кортина Д’Ампецо. Второто место и припадна на словенечката скијачка Илка Штухец, а третото на Германката Кира Вајлде. Микаела Шифрин го зазема четвртото место.

 

ПретходноКФСМ објави ранг листа за поделба на парите од ваучерите во мак-баскетот
СледноФранција го „згази“ Иран, Унгарците подобри од Бразил