Швјонтек продолжува со доминацијата на Австралија Опен

77

Ига Швјонтек дојде до нова убедлива победа на Австралија Опен, овој пат ја совлада Кристина Букса со 6-0, 6-1.  Полјачката до триумфот дојде по само 55 минути, во првиот сет Букса освои само шест поени, што доволни за нејзината доминација. Во вториот сет првата носителка уште еднаш покажа зошто е главна фаворитка за трофејот во Мелбурн.

Во следниот меч ќе игра против Рибакина од Казахстан, која беше подобра од Американката Колинс со 2-1 во сетови.

Во осминафиналето се пласира и третата тенисерка во светот, Џесика Пегула (САД), која ја совлада Украинката Марта Костјук (6-0, 6-2).

ПретходноДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ја реализираше традиционалната крводарителна акција
СледноЕкс-селекторот на Ирска по долга пауза се врати на тренерската работа