Арсенал после Тросар ќе купи и полски репрезентативец

163

Белгискиот интернационалец Леандро Тросар е веќе фудбалер на Арсенал, а на „Емирати“ ќе пристигне уште еден фудбалер до крајот на преодниот рок. „Топчиите“ ќе го донесат полскиот репрезентативец Јакуб Кивиор, пренесува Фабрицио Романо.

Тој во лондонскиот клуб доаѓа од италијанската Специја, а Арсенал ќе плати 20 милиони евра додека фудбалерот се договорил за петгодишна соработка и целата соработка ќе биде заклучена до недела.

Инаку Кивиор игра како лев бек но и стопер и ќе биде адекватна замена за Габриел. За Полска досега одиграл девет натпревари, а беше едно од откритијата на СП во Катар.

ПретходноГвардиола лут сам на себе: Не можам да го погодам тимот
СледноЧелзи потпишал со Модуеке договор до 2031 година!