Големо дерби во четвртфиналето на шпанскиот Куп

147

Во четвртфиналето на Купот на Шпанија ќе се соочат Реал Мадрид и Атлетико Мадрид одлучено е со денешната ждрепка во Мадрид. Покрај споменатиот дуел кој ќе се игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ќе се соочат уште Барселона и Реал Сосиедад потоа Валенсија против Атлетик Билбао односно Осасуна и Севиља.

По завршувањето на четвртфиналните натпревари ждрепката за полуфиналето ќе биде одржана на 27 јануари. Мечевите ќе се играат на 24, 25 и 26 јануари и распоредот дополнително ќе биде одреден. Во оваа фаза се игра само еден меч.

Претходно“Фуријата“ ја победи Словенија и обезбеди виза за 1/4 финале!
СледноГвардиола лут сам на себе: Не можам да го погодам тимот