Дани Алвеш, најтрофејниот фудбалер во историјата на фудбалот, како што и беше најавено, денеска во Барселона е уапсен со обвинение за наводен сексуален напад. Оваа шокантна вест денеска е бр.1 во светот на фудбалот. Долгогодишниот репрезентативец на Бразил, легендарен член на Барселона од златните времиеа на овој тим, потоа играше и во Јувентус денеска е притворен.
Причина за апсењето е обвинението на една женска особа дека Алвеш во една една дискотека во Барселона, сексуално ја вознемирил, односно и ја бутнал раката под нејзината долна облека.
Судот во Барселона потврди дека Дани Алвеш денеска е уапсен и дека наскоро ќе се знае дали ќе му се изрече притвор или пак тој ќе се брани од слобода.