ДЕНЕСКА НА СП: Франција и Шпанија по рано чекирање на четвртфиналните билети!

133

Денеска на програмата се шест меча од главната рунда на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Шпанија и Франција имаат шанса рано да ги заверат билетот за четвртфинале.

Во раниот термин од 15:30 часот во центарот на вниманието е дуелот меѓу Словенија – Шпанија. „Фуријата“ има максимален ефект, на другата страна Словенците со победа би можеле да го фатат последниот воз за плеј-офот.

„За нас секој натпревар е финале и на секој од нив сакаме да го дадеме максимумот на теренот. Ова ме прави многу среќен како капитен на репрезентацијата, а сега ни претстои нов „финален“ натпревар против Шпанија. – изјави Словенецот Јуре Доленец.

Во истата група 1, Франција ќе има лесна задача игра против Иран на Веселин Вујовиќ, додека пак Полска првите бодови во главната рунда ќе ги бара против Црна Гора.

„Ќе ве изненадам, но сметам на успех против Франција – ако не примиме 50 гола, ќе го сметам за успех“, изјави на пошегува селекторот на Иран Веселин Вујовиќ.

Во групата 2 ќе се игра дерби дуелот меѓу домаќинот на СП Шведска и Исланд. Швеѓаните имаат шест бода, додека противник четири, овие два тима се чини ќе се борат за првото место на табелата.

ДЕНЕСКА НА СП

15:30 Словенија – Шпанија

15:30 З.Острови – Португалија

18:00 Бразил – Унгарија

18:00 Иран – Франција

20:30 Црна Гора – Полска

20:30 Исланд – Шведска

ПретходноСтапалата на Џејмс Харден се најгрдото нешто што некогаш ќе го видите!
СледноНачевски и Николов делегирани за дербито на денот!