Мик Мекарти, човекот кој два пати беше селектор на Република Ирска се врати на тренерскиот занает по речиси една и пол година пауза. Тој е назначен за нов тренер на Блекпул, тимот кој се натпреварува во Чемпионшип дивизијата.
Мекарти доби задача да го извлече Блекпул од опасната зона откако тимот западна во криза и 10 меча е без победа. Поради тоа падна на претпоследното место на табелата и му се заканува преселба во Лига 1 (Третата лига по ранг во Англија).
Мекарти беше селектор на Ирска од 1996 до 2002 година и потоа од 2018 до 2020 година. Притоа работеше во неколку англиски клубови како Милвол, Сандерленд, Вулверхемптон, Ипсвич, Кардиф, а два месеци и во кипарски АПОЕЛ.