Ете го и првиот Летонец во Серија А

224

Во Серија А во пролетниот дел од сезоната ќе го гледаме и напаѓачот Раимондс Кролис кој е првиот летонски фудбалер кој ќе игра за италијански клуб. Кролис кој има 21 година потпиша договор со Специја на 3,5 години. Специја ќе плати 1,5 милиони евра, според „трансфермаркт“.

Тој доаѓа од екипата на Валмиера каде што беше капитен и минатата сезона во која клубот ја освои првата титула во Летонија постигна 25 гола. Инаку тој има и два гола за Летонија во 19 настапи.

Што се однесува до трансферите во Специја, Кролис е петтиот  нов играч оваа зима во клубот. Пред него дојдоа Тио Ципот, Жоао Мутињо, Шимон Зурковски, Салваторе Еспосито.

 

ПретходноЧелзи потпишал со Модуеке договор до 2031 година!
Следно„Лавовите“ слетаа во Анталија, таму ќе одиграат четири пријателски натпревари