Лајпциг успеа да го задржи Баерн во првиот меч од полусезоната (ВИДЕО)

141

На стартот на фудбалската пролет во Германија, во рамките на 16. коло Лајпциг и Баерн одиграа 1:1 во дерби дуелот вечерва.

Баерн беше малку подобар во првиот дел од натпреварот, имаше неколку добри акции, а потоа и гол на крајот со кој замина на пауза со предност.

Ерик Чупо-Мотинг погоди за 0:1 во 37. минута, а домашните успеаја да се вратат во игра во вториот дел кога  Халстенберг се најде на вистинското место и некако успеа да ја внесе топката во голот за 1:1 во 52. минута.

Зомер беше дебитант на голот на Баерн, но не успеа да тргне со победаво дресот на шампионот.

Со ова реми, Баерн така пропушти шанса да се оддалечи од еден ривал на табелата, па сега останува со 6 бода повеќе од Лајпциг, додека Фрајбург со натпревар помалку има 5 бода помалку од водечкиот.

ПретходноПаличка ги откажа Исланѓаните, Полска подобра од Црна Гора
СледноМерцедес најавува големо враќање во Ф1: Нашиот болид има огромен потенцијал