Нотингем Форест направи преку 20 трансфери во летниот преоден рок со што беше рекордер во таа категорија, а и во зимскиот преоден рок е многу активен. „Шумарите“ го комплетираа трансферот на напаѓачот Крис Вуд од Њукасл.
Тој е третиот фудбалер кој оваа зима доаѓа во некогашниот европски првак. Договорот е позајмица до крајот на сезоната, а потоа и откуп на договорот за 15 милиони фунти. Вуд е од Нов Зеланд, а долги години игра во Англија. Беше во ВБА, Брајтон, Милвол, Лестер, Лидс Јунајтед, Барнли од каде во 2022 година отиде во Њукасл.
Пред него англиската екипа ја засилија офанзивниот играч за врска Густаво Скарпа и дефанзивниот играч за врска Данило и двајцата од Палмеирас.
📝 𝗗𝗘𝗔𝗟 𝗗𝗢𝗡𝗘: Nottingham Forest have signed Chris Wood from Newcastle on loan until the summer.
Deal will be made permanent for around £15m if the loan meets certain conditions.
(Source: @NFFC) pic.twitter.com/oRF6EFgiw2
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) January 20, 2023