Одбојкарите новата година ја почнаа од 25. место на ранг-листата на ЦЕВ

137

Машката сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија остана на 25. место и на јануарското рангирање на најдобрите европски репрезентации кое го прави европската одбојкарска конфедерација ЦЕВ. Нашите одбојкари оваа година ги очекуваат две големи натпреварувања, Европската Златна лига и Европското првенство во Скопје, па до тогаш веројатно остануваат на листата на 25 најдобри европски селекции.

Македонија има 102 бода, колку што имаше и на минатото рангирање на ЦЕВ. На првото место на листата е Италија со 367 бода, пред Полска (343) и Русија (299) кои ја заокружуваат ТОП 3 листата на најдобри машки одбојкарски селекции на Стариот континент.

Од противниците на Македонија на ЕП во Скопје кое ќе се одржи оваа година, покрај Полска која е втора на овој ранкинг, Холандија е осмопласирана, Чешка е на 13. место, Црна Гора котира на 23. место, додека селекцијата на Данска е единствената со послаб рејтинг од нас, но веднаш до нас на 26. место.

ПретходноКобајаши најдобар на домашен терен во Сапоро, Кубацки на второто место
СледноЦ. Звезда „прокоцка“ победа во Каунас, Баерн го изненади Анадолу Ефес