Паличка ги откажа Исланѓаните, Полска подобра од Црна Гора

273

Во еден навистина возбудлив и драматичен натпревар, ракометарите на Шведска славеа над Исланд во Гетеборг со 35:30 и го потврдија своето место во четвртфиналето на светското првенство. Херој на домашните беше неверојатниот Андреас Паличка, кој имаше свое шоу на голманската позиција во својата омилена арена.

Исланд имаше одлични моменти во средината и финишот на првиот дел, кога дури и имаше предност од два гола (14:12), но до паузата Швеѓаните се вратија со водство (17:16).

Во вториот дел Шведска влезе со „полн гас“ и успеа да го скрши отпорот на „рибарите“ за конечна победа. Лукас Пелас постигна 8 гола за Швеѓаните, додека кај Исланд и денеска најефикасен беше Елисон кој посигна исто така 8 гола.

Полска ја оствари првата победа во втората фаза на СП откако пред своја публика успеа да ја совлада Црна Гора со 27:20. Црногорците беа рамноправни само во првиот дел од мечот, додека во второто полувреме Полска комплетно го контролираше и мечот и резултатот.

Једрашчик кај Полска и Милош Вујовиќ кај Црна Гора завршија со по 6 постигнати гола.

ПретходноКако изгледа сега табелата во Серија А: Јуве остана со 22 бода! (ФОТО)
СледноЛајпциг успеа да го задржи Баерн во првиот меч од полусезоната (ВИДЕО)