По првата недела на СП само двајца позитивни од 1.086 тестирани

49

Светската ракометна федерација излезе со Ковид бројки после една недела од Мундијалот, кој се игра во Шведска и Полска. ИХФ пред стартот одлучи да воведе задолжителни тестирања пред групната фаза, главната фаза како и осминафиналните мечеви…Само двајца ракометари биле заразени со коронавирус од тестирани 1.086 лица на СП. Еден Белгиец и еден Египќанец се позитивни на Ковид-19.

Позитивните лица одат во изолација која трае пет дена, откако ќе добијат негативен тест ќе можат да им се приклучат на своите соиграчи.

Пред стартот на Мундијалот имаше бројни реакции поради задолжителните тестови за коронавирус, ИХФ веднаш излезе со соопштение потенцирајќи дека здравјето на играчите е на прво место и дека не сакаат да се случи фијаско на првенството.

ПретходноЕкс-селекторот на Ирска по долга пауза се врати на тренерската работа
СледноСтапалата на Џејмс Харден се најгрдото нешто што некогаш ќе го видите!