Тејтум им сервираше одмазда на Вориорс (ВИДЕО)

102

Победникот на дуелот меѓу Бостон и Голден Стејт беше решен по продолжение, а подобар од оваа пресметка излезе домаќинот, кој славеше со 121-118.

Стеф Кари на 28 секунди до крајот донесе плус три за својот тим, но на другатра страна Браун израмни на 106-106. Кари одново се обиде да донесе водство, но не успеа. Дуелот отиде во продолжение, а таму Бостон беше подобар со 15-12.

Џејсон Тејтум беше прво име кај победникот, постигна 34 поени, 19 скока и шест асистенции. Ал Хорфорд запиша 20 поени, додека Маркус Смарт два помалку.

Кај Вориорси Кари имаше 29 поени и седум асистенции, зад него беше Клеј Томпсон со 24, исто толку колку и Џордан Пул.

Резултати: Минесота – Торонто 128-126, Феникс – Бруклин 117-112, Портланд – Филаделфија 95-105.

ПретходноСуспендиран на седум меча поради овој старт
СледноЦиндриќ: Ова е срамота, на нив им доделија десет топки!