Енис Барди, еден од нашите најдобри фудбалери по се изгледа дека ќе мора да си побара нова средина. И дека престојот во Трабзонспор ќе трае само шест месеци.
Медиумите во Турција шред две недели ја лансираа ова вест, но денеска одредени медиуми кои се блиски до клубот јавуваат дека клубот барал од нашиот фудбалер да си побара нова средина.
Имено менаџерот на Барди бил викнат од страна на челниците на Трабзон и му било кажано дека мора во овој зимски преоден рок да му се најде на фудбалерот нов клуб со оглед на тоа дека буџетот ќе биде намален.
Очигледно е дека и Барди, исто како и Алиоски во Фенер, едноставно не успеа најдобро да се снајде во турскиот фудбал.