Франција го „згази“ Иран, Унгарците подобри од Бразил

93

Француската репрезентација која веќе е четвртфиналист на СП го „суреди“ и Иран со убедливи 41-29 и ја продолжи перфектната игра на турнирот. Четата на Веселин Вујовиќ добро му парираше на фаворитот во првото полувреме кога имаше негатива од само четири гола, но во вториот дел работите тргнаа низ брдо. Французите ја изрешетаа мрежата на Иранците и славеа победа со 12 разлика.

Кај Франција по 6 гола постигнаа Николас Турне и Тибо Брие. Кај Иранците Кабирианџо, Ораеи и Јадегари реализираа по 4 гола.

На другиот меч во Гетеборг, Унгарија го победи Бразил со 28-25. Изедначено беше на полувреме 14-14, а во финишот Унгарците направија крупен исчекор напред и славеше победа.

Кај Унгарците Аншин и Лекаи дадоа по 6 гола, а по 5 имаа Бока и Бодо. Кај Бразил Монте и Дупоа постигнаа по 5.

 

ПретходноКрихмаер со триумф на славната „Штрајф“, Гоџа најдобра во Кортина Д’Ампецо
СледноАкадемија Пандев се засили со Ембало, Абдулаи и Галевски