ФФМ ја изготви предлог ранг листата на клубови за добивање на ваучер за 2023 година, со најмногу бодови Шкендија, Шкупи, А. Пандев…

3192

Како што и се очекуваше, а и беше барано, Фудбалската федерација ја изготви предлог ранг листата на клубови за добивање на ваучерот за 2023 година. Оваа листа веќе е пратена до централната комисија во рамките на АМС.

Од она што може да се види, па и сосема очекувано, клубови со најмногу бодови се Шкендија и Шкупи со по 230 бодови, следува А. Пандев со 225 бодови.

Табелата од десетте најдобро рангирани клубови можете да ја видите подолу:

ТАБЕЛА

1.ФК ШКЕНДИЈА 230 бодови

2.ФК ШКУПИ 230

3.ФК А.ПАНДЕВ 225

4.ЖФК СКОПЈЕ 220

5.ФК МАКЕДОНИЈА ЃП 195

6.ЖФК ТИВЕРИЈА 195

7.ФК СТРУГА ТЛ 195

8.ФК СИЛЕКС 195

9.КМФ ШКУПИ 190

10.ФК РАБОТНИЧКИ 185

Целата предлог ранг листа можете да видите ТУКА. 

ПретходноОфицијално: Мемфис Депај во Атлетико Мадрид!
СледноКаков шок: Обвинителството побара на Јуве да му се одземат 9 бодови!