Ц. Звезда „прокоцка“ победа во Каунас, Баерн го изненади Анадолу Ефес

109

Кошаркарите на Црвена звезда го забележаа десеттиот пораз во Евролигата и се оддалечија од местото кое води во плеј-офот, откако загубија кај Жалгирис на гости со 71:66.

Жалгирис уште од стартот ја презеде контролата врз случувањата на теренот, поведе со 18:9 на крајот од првиот дел, а гостите се обидуваа да се вратат во игра во вториот период, но останаа на минус 8 на полувремето (38:30).

Почетокот на вториот дел беше охрабрувачки за „црвено-белите“ кои најавија дека можат да заминат и како победници од Каунас. По три и пол минути игра во третата четвртина Ц. Звезда дојде на 42:41, а до крајот на третиот период и поведоа со 56:50.

На стартот од последната четвртина Буткевичиус ја преполови предноста на Ц. Звезда, но на шест минути до крајот гостите беа во предност со 62:55. Следуваше период на нова напаѓачка криза за „црвено-белите“ што Жалгирис на крајот ја претвори во триумф. Петрушев беше најефикасен кај Звезда со 16 поени, а кај Жалгирис Улановас со 13.

Претходно екипата на Баерн (М) го изненаду Анадолу Ефес на гости победувајќи го со 89:81.


Standings provided by Sofascore

ПретходноОдбојкарите новата година ја почнаа од 25. место на ранг-листата на ЦЕВ
СледноЛоши вести за Јувентус: Судот наложи одземање на 15 бода од контото на „Старата Дама“