Што се случи меѓу Анчелоти и Родриго? Италијанецот кратко објасни!

1204

Реал Мадрид го совлада Виљареал во Купот на Кралот со победа од 3:2. Тимот на Карло Анчелоти успеа на неверојатен начин оствари пласман меѓу осумте најдобри екипи во Купот, се врати од негатива од два гола.

Во 56. минута, тренерот на Реал реши да го извади од игра бразилскиот напаѓач Родриго. Младиот Бразилец незадоволен седна на клупата. Анчелоти дојде до него и му кажа неколку зборови, покажувајќи со прстот кон својот играч.

Многумина мислеа дека меѓу нив имало некаква кавга. Искусниот Италијанец по натпреварот откри што се случило.

„Тензии со Родриго? Нема ништо. Му реков следниот пат кога ќе излезе да не заборави да ме поздрави“.

Легендарниот Италијанец откри што се случило на полувремето кога резултатот беше 2:0.

„Им реков на играчите на полувремето да се разбудат. Имавме доволно карактер за да го свртиме натпреварот. Сега вие и новинарите ќе треба да ги менувате извештаите“, се насмеа задоволен Анчелоти.

ПретходноЦиндриќ: Ова е срамота, на нив им доделија десет топки!
СледноДРЖАВНА ВИДЕОЛОТАРИЈА ја реализираше традиционалната крводарителна акција