Екипата на Манчестер Сити синоќа на домашен терен дури по пресврт во кој губеше 0:2, а потоа победи со 4:2, успеа да го совлада тимот на Тотенхем. Во игра во која може да се важи само второто полувреме со оглед на очајниот прв дел менаџерт Пеп Гвардиола е лут сам на себе што очигледно не може да ја пронајде формулата за лесни победи сезонава нешто што беше пракса во изминатите години.
„Ни недостасува храброст, страст, енергија, желба за победа од првата минута. Истото е и со навивачите кои молчеа во првите 45 минути. Сакам да ги вратам поддржувачите што ги познавам. Не на гостувањата, туку овде, на нашиот стадион“, изјави разочараниот Гвардиола па додаде.
„Далеку сме од тимот каков што бевме. Дали мислите дека вакви пресврти ќе се случуваат секој ден? Не, нема. Ако сакаме да освоиме нешто, мора да се бориме, а не да се жалиме. Во спротивно, немаме шанси“ – рече Шпанецот.