Девојките мечот против Босна го играат во Сараево

78

Женската сениорска репрезентација на Македонија во текот на февруари ќе ги одигра последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство кое во 2023 година ќе се одржи во Словенија и Израел.

А Светската кошаркарска федерација ги одреди и официјалните лица за дуелите на нашата најдобра женска селекција против БиХ на гостински односно Белгија на домашен терен.

Средбата со селекцијата на БиХ нашите девојки ќе ја одиграат на 9. февруари, во Сараево, како што одреди националната федерација на БиХ. Ќе се игра во салата на Културно-спортскиот центар на Илиџа.

Ќе ја суди, интересно, женска судиска тројка во која се Амел Дахра од Франција, Наташа Драгојевиќ од Црна Гора и Диана Лапановиќ (Словенија), додека делегат на овој натпревар е Урош Ивановиќ од Словенија.

Три дена подоцна, на 12. февруари, ќе ја пречекаме селекцијата на Белгија. Натпреварот ќе се игра во СРЦ „Кале“ во Скопје, а ќе го судат Немања Нинковиќ (Србија), Димитриос Захарис и Маргарити Тсантали од Грција.

Во улога на технички делегат на ФИБА е Ставри Бело од Албанија.

ПретходноРуди Фелер е нов директор на фудбалската репрезентација на Германија
СледноАнталијаспор го промовираше Ердал Ракип! (ФОТО)