Марјан Радески пред неколку дена и официјално стана нов член на Струга Трим Лум. Трансферот на напаѓачот кој важи и за репрезентативец на Македонија секако дека е еден од најголемите оваа зима. Јасно е дека есенскиот шампион во него добива големо, екстра засилување. Сега само треба добро да се подготви, да се вклопи во тимот заедно со Шабани, Укпа, Ибраими, Малески и останатите и да оправда довербата на сите во таборот на лидерот на табелата.
“Кога бев контактиран од Струга Трим Лум не се двоумев многу и мислам дека не згрешив ниту јас ниту клубот кој веруваше во мене. Добро се познаваме со тренерот Захариевски, тој ми ги обезбеди првите минути во првата лига, и тоа на 17 години. И сега сум тука, каде заедно со моите соиграчи ќе му вратам со најдобрите игри и ќе се обидеме да ја донесеме титулата во Струга.Струга Трим Лум е голем клуб, па затоа секој играч би дошол во овој клуб без двоумење, како мене.Останува добро да се подготвиме, да ја започнеме пролетта без повреди, и секој од нас да даде максимум за конечно да ја оствариме целта, а тоа е шампионската титула“ посочи Радески.