Келн запиша една од највисоките победи во историјата!

125

Голеада во Келн и победа на домашниот тим над Вердер со 7:1 во меч од Бундес лигата. Тоа е најубедливата победа на „Јарците“ над тимот од Бремен во историјата и првпат по октомври 1983 година постигнува седум гола на еден меч (тогаш 7:0 против Ајнтрахт).

Уште во првото полувреме домашните имаа предност од 5:1.
Еден гол постигна Маина, два Тигерс, потоа Шкири и Хусеинбашиќ. Сите тие голови беа постигнати по првите 36 минути што се најрани пет гола во историјата на Бундес лигата. Во 44 минута намали Фулкруг.

Во вториот дел Шкири зголеми на 6:1, а со автоголот на Фридл тимот на Келн обезбеди победа од 7:1. Статистички гледано сите шутеви во рамките на голот на противникот завршија во мрежата.

Вердер првпат сезонава бележи три порази по ред. Исто така нема победа и во 11-тото гостување во Келн или уште од декември 2005 година.

Келн е на 10. место со 20 бода, а Вердер е место погоре со поен повеќе.
На другите денешни натпревари: Бохум-Херта 3:1, Ајнтрахт – Шалке 3:0, Штутгарт-Мајнц 1:1, Унион-Хофенхајм 3:1, Волфсбург – Фрајбург 6:0.

ПретходноЕлмас во стартниот тим, Наполи со цел плен од Салерно (видео)
СледноСонот на Хрватска за четвртфинале живна, но може да згасне уште вечерва!