Талентираниот напаѓач Јусуф Мукоко официјално потпиша нов договор со Борусија Дортмунд со важност до 30 јуни 2026 година. И покрај тоа што беше поврзуван со многу други клубови откако 18-годишниот фудбалер првично не се договори со клубот, сепак, на крајот одлучи да остане на „Сигнал Идуна Парк“ каде што има поголеми шанси да се развива како фудбалер отколку во Челзи, Реал, Сити или други клуб.
Неговиот претходен договор истекуваше во јуни, од Дортмунд сакаа да го задржат и побрзаа со преговорите и успеаја да го убедат младиот играч да остане.
Според „Билд“ платата на Мукоко ќе изнесува околу 6 милиони евра годишно. Тој ќе добие 10 милиони евра бонус за потпис на договорот. Исто така нема откупна клаузула.
Мукоко одигра 22 меча за Борусија со ефект од 6 гола и 6 асистенции. Тој беше дел и од германската репрезентација на СП во Катар и одигра еден меч.
Пред некој ден излегоа гласини дека Мукоко е всушност четири години постар од она што се претставува.