Едноставно на Арапите, односно на пребогатите шеици од Саудиска Арабија не им е доста. Имено како што денеска известуваат медиумите во светот, тие доставиле понуда од неверојатни 18,25 милијарди евра до газдата на Ф1, а тоа е “Либерти Медија“ чиј претставник е Чејс Кари кој во 2017 година од Берни Еклстон го купи “најбрзиот циркус“ за 4 милијарди евра.
По Њукасл, секако и Роналдо, сега Саудијците ја сакаат и Ф1. Се верува дека тој спорт во моментов е најисплатлив. Токму затоа оваа фантастична понуда.