Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и покрај проблемите со задната ложа се пласираше во осминафиналето на Австралија опен победувајќи го бугарскиот тенисере Григор Димитров со 3:0 во сетови по повеќе од три часа игра – 7:6 (9), 6:3, 6:4. Во некои моменти од мечот Ѓоковиќ имаше проблеми да се извлече од притисокот на Димитров, но на крајот успеа да ја оствари целта.
Популарниот Ноле неколку пати се пожали на болки, а двапати побара и медицински тајмаут. Во текот на целиот дуел прашање беше дали може да издржи. Се покажа дека првиот сет го одреди понатамошниот тек на мечот, бидејќи само тој можеше да оди „во двата правци“, поточно и двајцата тенисери можеа да го добијат.
Ѓоковиќ во осминафиналето ќе игра против Алекс де Минор, кој во третото коло го елиминираше Бенџамин Бонзи.