Алегри: Нема ништо да се промени во тимот, одиме понатаму

117

Главна тема во светот на фудбалот во моментов секако е тимот на Јувентус. Надлежниот суд одлучи на Јуве да му се одземат бодови поради финансиски малверзации, плус се одредени суспензии за дле од неговите раководни лица.

Па така, сега Јувентус има 22 бода, поточно цели 25  бодови помалку од лидерот Наполи и го чека тешка борба сезонава.

Прв кој одлучи да проговори за оваа ситуација е трнерот Масимилијано Алегри кој на официјалната прес конференција пред утрешниот дуел против Аталанта истакна дека мора тимот да се однесува најпрофесионално на чело со него.

„Ништо нема да се прмени. Мораме да освојуваме бодови, мора да се обидеме да ја совладаме Аталанта, и со тие бодови ќе бидеме седми на табелата. Имаме мечеви во лигата на Европа, во купот на Италија. Мора да играме најдобро што можеме. Следната недела ни се враќаат Погба и Влаховиќ. Пред да биде донесена пресудата имавме 37 бодови и шанса за освојување на титулата. Мора да го одработиме она што ни е должност. Не смееме да тагуваме и да се предаваме се додека не биде донесена конечната одлука“ – изјаи Алегри.

 

ПретходноРајо и Столе со домашен пораз од Реал Сосиедад
СледноИма надеж за Верона