Барселона и Челзи се подготвени да седнат на маса и да преговараат за можна размена на играчи.
Тренерот на Каталонците, Чави сака да најде замена за Мемфис Депај кој замина во Атлетико Мадрид, а еден од играчите кои се на листата на посакувани е и фудбалерот на лондончани, Хаким Зијех.
Барселона беше заинтересирана за мароканскиот играч за врска и минатиот зимски прозорец, но тогаш клубот се реши за потписите на Феран Торес и Адам Траоре.
Челзи е подготвен да разгледа различни понуди за Зијех, но меѓу опциите се и продажбата на играчот и размената за Френк Кеси, кој не се снајде во Барса.