Волфсбург го декласира Фрајбург, убедливи и Бохум и Франкфурт! (ВИДЕО)

58

 

Попладнево се одиграа пет натпревари од првото пролетно коло во Бундеслигата или вкупно 16. Секако дека во преден план беше фантастичната партија на Волфсбург кој на свој терен со 6:0 славеше над Фрајбург, тим кој што претендира за висок пласман и сеуште е трет на табелата и по овој катастрофален пораз.

Вимер ја започна серијата голови уште во 2.минута, ја продолжи Винд со два гола, стрелец беше и Герхард , следуваше голот на  Баку, а Валдшмит во 90+4 минута стави точка на победата од 6:0.

Бохум со 3:1, исто на свој терен, беше убедлив на мечот со Херта. Хофман стрелаше двапати, а еднаш и Шлотенберг.Сердар во финишот само го ублажи поразот.

Франкфурт со 3:0 го победи Шалке и ги освои првите бодови во пролетната полусезона. Победата ја донесоа Линдсром, Боре и Бута.

Штутгарт и Мајнц одиграа 1:1, додека Унион Берлин со 3:1 го совлада Хофенхајм и тоа со головитна Доеки во 90.минута и Левелинг во 90+6. Претходно беше 1:1.

ПретходноСП: Србија ја суреди Аргентина, Египет завери 1/4 финален билет
СледноТака е тоа кога игра Новак на АО: Денеска во Мелбурн е забележана рекордна посета!