Данска ја наполни мрежата на САД, Германците се чекираа во 1/4 финалето

170

Репрезентацијата на Данска ја оправда фаворитската улога и ги победи Соединетите Американски Држави и со тоа се најде на чекор до пласман во четвртфиналето. Данците победија со 33-24.
Јоргенсен постигна 8 гола, Јакобсен 5. Кај Американците најефикасен беше Ходерсен со 5 гола.

На другиот меч Германија ја совлада Холандија со 33-26. Германците тргнаа сигурно уште од самиот старт и не му дозволија на противникот да се приближи. Германија се чекира во четвртфиналето на Светското првенство заедно со Норвешка, со тоа го скрши сонот на Србија за место во следната рунда. Србите сега ќе мора да се задоволат со битката за третото место на табелата и олимписките квалификации.

Кај Германците Кнор постигна 9 гола, а Гроецки 5, капитенот Гола 4…
Кај Холанѓаните Смитс со 6 и Стеинс со 5 гола беа најефикасни.

ПретходноСпортскиот свет се тресе: Саудијците ја купуваат Ф1 за 18 милијарди евра!
СледноШалке 04 постави неславен рекорд – 36 гостински меча нема победа!