ДЕНЕСКА НА СП: Парондо и уште две репрезентации по заверка на четвртфинале!

236

Германија, Норвешка и Египет се трите селекции кои уште денеска можат да ги заверат билетите за четвртфиналето на Светското првенство. Првите две селекции се лидери во својата група 3 и ќе ја бараат својата петта победа на овој шампионат.

Сепак нема да имаат лесна задача. Германија игра против Холандија, репрезентација која секоја година го покажува својот квалитет, додека пак Норвешка ќе ги одмери силите против Катар, противник кој не пренесе ниту еден бод во главната рунда.

Први на програмата од оваа група се Србите, тие ќе играат против Аргентина.

Во групата 4, Египет на Роберто Гарсија Парондо ќе се сретне со Бахреин, овој дуел се игра во 15:30 часот. Нема да биде лесно за „фараоните“, но овој дуел ќе стави на сите дилеми околу нивниот пласман во четвртфиналето.

Данска која има бод помалку има лесна задача, ќе игра против САД, треба да ја оправда фаворитската улога. Хрватска која пак го има зад себе ремито со актуелниот бранител на титулата ќе бара победа против Белгија за продолжување на сонот наеречен пласман во следната рунда.

ДЕНЕСКА НА СП

15:30 Бахреин – Египет

15:30 Србија – Аргентина

18:00 Хрватска – Белгија

18:00 Катар – Норвешка

20:30 Холандија – Германија

20:30 САД – Данска

ПРЕЗИДЕНТ КУП

15:30 Алжир – Мароко

18:00 Македонија – Тунис

ПретходноКрафт славеше пред Гранеруд во Сапоро
СледноЃоковиќ посилен од повредата, обезбеди осминафинале на АО