Елмас во стартниот тим, Наполи со цел плен од Салерно (видео)

165

Екипата на Наполи продолжува со победите во Серија А и трча кон титулата. Составот од југот на Италија славеше победа на гостувањето кај Салернитана со 0:2 и сега бодовното салдо на табелата им е 50 бода по 19 кола. Втор е Милан кој има 38 бода од 18 меча.
Ди Лоренцо го отвори резултатот во 45 минута, а зголеми Виктор Осимен на стартот на второто полувреме. Македонскиот интернационалец Елиф Елмас беше стартер и го одигра целиот меч.
Салернитана го запиша деветтиот пораз и е на 16-тото место.

ПретходноТемелковски: Нема потреба од промени и „сечење на глави“, кој и да дојде треба да има магично стапче!
СледноКелн запиша една од највисоките победи во историјата!