Има надеж за Верона

65

Тимот на Верона стигна до многу важна победа на домашен терен која што беше со предзнак императив. Предмалку е совладан тимот на Лече со конечни 2:0, со головите на Депаоли во 40. минута, односно Лазетиќ во 54.

Верона се мачи сезонава, и е во зоната за испаѓање во моментов, па мечевите против екипи како Лече особено на домашен терен се рамни на спасоносна мисија.

Верона стигна до 12. бод сезонава сеуште е во зоната за испаѓање но барем сега е чекор понапред во обидот да се спаси сезонава. Има уште многу пред себе, но Верона очигледно нема да се предаде.

 

 

ПретходноАлегри: Нема ништо да се промени во тимот, одиме понатаму
СледноПознат е составот на Македонија за дуелот со Тунис