Алекс Фергусон му честиташе на Јирген Клоп за неговиот 1.000-ти натпревар како менаџер.
Натпреварот на Ливерпул против Челзи денеска во 21. коло од Премиер лигата ќе биде јубилеен за германскиот стручњак. На чело на Ливерпул тој менаџираше на 410 натпревари, во Борусија Дортмунд – 319 и во Мајнц – 270.
„Среќен сум што го пречекувам Јирген Клоп во клубот 1000. Јирген е несомнено еден од најнадарените тренери во светскиот фудбал и посветеноста и страста што Јирген ги носи на оваа улога се инспирација за сите кои се стремат кон кариера во фудбалот. Мноштвото трофеи што веќе ги има освоено во кариерата, вклучувајќи ги Лигата на шампионите и Премиер лигата во последните сезони со Ливерпул, го потврдуваат неговиот статус меѓу фудбалската елита“, изјави поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон.
Најголем процент на победи во својата кариера Клоп има како менаџер на Ливерпул. На 410 меча на клупата на „црвените“ Клоп има 249 победи.