Крафт славеше пред Гранеруд во Сапоро

96

Австриецот Штефан Крафт (283,5 поени) е победник на вториот ден од натпреварувањето во ски скокови во Светскиот куп, што викендов се одржува во Сапоро, Јапонија.

Втор заврши Норвежанецот Халвор Гранеруд (277,9), а трет на радост на домашните беше Рјоју Кобајаши (276,1), кој вчера славеше на прв ден од натпреварите.

Ова беше 27. победа за Крафт и втора сезонава по онаа во финска Рука.

Во вкупниот пласман по 15 од 32 натпреварувања, води Кубачки со 1.140 бодови, Гранеруд е втор со 1.036 бодови, а трет е Словенецот Анже Ланишек со 912 бодови.

ПретходноКлоп во клубот 1000 и Ферги му честиташе за јубилејот
СледноДЕНЕСКА НА СП: Парондо и уште две репрезентации по заверка на четвртфинале!