Ливерпул и Челзи тактички се надмудруваа па одиграа само 0:0

73

Големото дерби со кое стартуваше ова најновото Премиер лигашко коло денеска, помеѓу екипите на Ливерпул и Челзи, и покрај големите најави заврши без голови 0:0.

Мечот кој што требаше и играчки но пред се резултатски да претставува свеж старт за двата тима се претвори во тактичко надмудрување кое заврши со пделба на бодовите.
Челзи реално имаше повеќе од играта, особено во вториот дел, а во еден момент и поведе но само за момент. Каи Хавертс го совлада Алисон во првиот дел но голот беше поништен поради офсајд.

Во вториот дел неколку ситуации пред домашниот гол, една не искористи најновата аквизиција на Челзи Михајло Мудрик, кој и како резерва на овој дуел покажа дека има мнпгу квалитет и потенцијал во себе.

 

ПретходноМишов со еврогол во триумфот на Тиквеш против Слога Виница
СледноРајо и Столе со домашен пораз од Реал Сосиедад