МЗТ Скопје речиси два месеци без победа и со проблеми: Нема предавање, по изнендување против Будуќност!

194

МЗТ Скопје е во серија од седум победи во низа во АБА-лига. Последен пат тимот од Аеродром во ова натпреварување славеше на крајот на ноември минатата година. Со 13 порази и само две победи се наоѓа на последното место на табелата кое значи елиминација од јадранското друштво.

АБА-лига е поинакво натпреварување, секое коло значи нов квалитетен противник. Серијата на предизвици продолжува денеска (17 часот) против Будуќност на домашен терен.

На Драган Николиќ добро му е познат противникот, посакува силна поддршка од трибините и се надева и покрај повредите ќе успеат да го направат првиот чекор кон опстанок во лигата.

„Ни претстои тежок натпревар, против екипи кои имаа одлични настапи во Еврокупот. Буќност оваа сезона игра добро на домашен терен, што не значи дека нема да се потруди да го подобри скорот на гостински терен. Ја предводи одличен тренер, кој освои трофеј во АБА, а неодамна се засили со двајца извонредни кошаркари. Тоа не значи дека нема да се обидеме да совладаме квалитетен ривал, без разлика во каква ситуација се наоѓаме. Дуелот со Будуќност нема да биде трет оваа недела, бидејќи по убедливиот пораз од Партизан добро реагиравме во домашниот шампионат. Имаме работа со повредени и болни играчи, но и покрај тоа силно ќе притискаме и ќе се обидеме да дојдеме до посакуваната цел. А за тоа ќе ни треба и голема помош од трибините и нашите верни навивачи“.

Новото засилување пак на МЗТ Скопје Абу, како и останатите момци во тимот е гладен за победа.

„Секој натпревар е посебен предизвик. Трениравме напорно минатата сезона и сакаме да покажеме дека имаме квалитет да се бориме со најдобрите тимови во регионот. Знам дека ќе дадам се од себе за да ја остварам посакуваната победа“, изјави Абдул-Малик Абу.

Првиот дуел заврши со убедлива победа на Будуќност од 89-66.

ПретходноКлубот го отпушти Дани Алвеш откако отиде во затвор!
СледноКако изгледа листата на стрелци, без ниту едно македонско име во Топ 40!