НБА меч во Гевгелија, Еуро Никел сигурен!

216

Во салата „26 април“ во Гевгелија паднаа 211 поени на меч од Првата лига. Кожув беше подобар од Академија ФМП со 108-103 во рамките на 12. коло за четврта победа оваа сезона.

Домаќинот беше добар во првото полувреме, го доби со 62-48. По одморот гостите се обидоа да се разбудат, третиот период го добија со 20-27 и намалија на 82-75 пред стартот на последната четвртина. Се водеше вистинска битка на теренот, Академија ФМП успеа да се доближи и на минус два поени.

Во во пенал-завршница, гевгеличани го имаа „мирниот“ Гордон кој ги реализира четирите слободни фрлања кои го донесоа Кожув на недостижни (106:100), доволно за четвртта победа во шампионатот. Прва за Апостоли Апостолов како прв тренер на екипата од Гевгелија.

Гордон со 27 поени беше прв стрелец, на другата страна Смит броеше до 33 поени.

На останатите средби, Еуро Никел ја совлада Стурмица со 89-72. Планиниќ заврши со 28. поени, Гавриловиќ 16, а Ѓекиќ 15.поени. Кај гостите, Мамузиќ заврши со 24. поени.

На последната средба од денешната програма Куманово ја доби драмата со Чаир од 85-91.

ПРВА ЛИГА-МАЖИ 

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Кожув – Навико Академија ФМП       108:103

Еуро Никел 2005 – Струмица 2022    89:72

Чаир 2030 – Куманово 2009    86-91

МЗТ Скопје Аеродром – ТФТ    91:81

Пелистер – Гостивар       117:87

22.ЈАНУАРИ (НЕДЕЛА):

20.00: Феникс 2010 – Работнички (МРТ3)

СЦ „Јане Сандански“ – Скопје

ЛИНК: https://youtu.be/cFOvlNGQJAY

ПретходноСонот на Хрватска за четвртфинале живна, но може да згасне уште вечерва!
СледноПелистер си закажа пријателски со Работнички, Брегалница, Победа…