Како изгледа листата на стрелци, без ниту едно македонско име во Топ 40!

498

Ова Светско првенство дефинитивно е поинакво од сите останати големи натпреварувања на кои настапувала македонската ракометна репрезентација. Нашиот национален состав има поинаков изглед, а со тоа и резултатски е далеку од она што сме навикнати да гледаме.

Промената на генерација и тоа како има влијание на сликата која ја гледавме во групната фаза во Краков. Без Кирил Лазаров на теренот, главната гол-машина, тешко се доаѓа до мрежата на противниците, особено имиња кои високо котираат на ИХФ листата.

Дека Македонија на овој Мундијал нема вистински лидер, кој ќе го повлече тимот во нападот, говорат и бројките.

Ракометот е колективна игра, но никогаш не се случило да нема ниту еден македонски репрезентативец барем во Топ 20 листата на најдобри стрелци.

Пред дуелот со Тунис, втор од Президент Купот, статистиката вели Жарко Пешевски е најдобар стрелец на Македонија со 18 гола. Со оваа бројка тој е после 40 место на Мундијалот.

Зад него се Манасков и Талески со 17 гола, со тоа што Деки пред дуелот со Алжир имаше десет погодоци, па скорот го подобри на првиот меч од Президент Купот. Од овие 17 гола, девет се од седум метри. Додека Талески пред истата средба имаше 14 погодоци. Манасков има 17/26, додека Талески 17/36.

Следен од кој се очекуваше да придонесе во нападот беше Филип Кузмановски, во четири меча постигна само 13 гола од 24 обиди. Ова се и единствените играчи со двоцифрена бројка на погодоци, следен е Костески со девет погодоци од 11 обиди.

Дуелот меѓу Македонија и Тунис е закажан со почеток во 18 часот.

ПретходноМЗТ Скопје речиси два месеци без победа и со проблеми: Нема предавање, по изнендување против Будуќност!
СледноРФМ ја објави предлог ранг листа за поделба на ваучерите!