МЗТ Скопје доживеа уште еден пораз во АБА лигата. Во СЦ Јане Сандански со цел плен си замина Будуќност. За разлика од мечот со Партизан овојпат „штрковите“ одиграа многу подобро и загуби со тесен резултат 86-90.
Тренерот Драган Николиќ изјави:
„Одигравме навистина богат натпревар, со добри кошаркарски потези, акции и слично. Би му честитал на Будуќност на победата. Верував дека можеме да изненадиме вака добар ривал. Многу ни недостигаа повредениот Кук и болните Миќовиќ и Пандев. Будуќност е едно ниво погоре, тим кој прави резултати во Еврокупот.
Од една страна ми е многу жал што мојата екипа загуби, сакав оваа победа да им ја посветам на моите покојни родители. Ретко кога сум доживеал да добијам ваков аплауз, од целата сала при пораз. Тоа скандирање од публиката не го доживува секој тренер, навистина ми е мило што го доживеав.
Не дојдов тука да зборувам само дека МЗТ има најтежок распоред. Дојдов за да ги исполниме заедничките цели. Во моментов ситуацијата е таква, каква што е. Ќе се обидам позитивното да го пренесам на играчите. Пред да дојдам МЗТ на одредени натпревари немаше среќа, Петровиќ е вистинска легенда на клубот, па не сакам да коментирам за минатото. Ако играчите продолжат со оваа енергија, јас верувам дека ќе успееме да дојдеме до посакуваните резултати. Можеби ќе се свртиме кон уште едно засилување, ама тоа понатаму“.
„МЗТ пружа отпор на најсилните екипи на Балканот, време е да се работи малку повеќе на кошарката во оваа земја од која имам потекло. Сакам прво да бидеме комплетни, да видиме што ни недостига. Конечно добивме длабочина во тимот, имаме екстремно добри шутери кои сега имаат повеќе простор. Ако се разбираме повеќе во одбраната како кога се крена енергијата, можеме да играме подобро. Ние успеавме да се вратиме од 19 поени, има простор за напредок, а ни недостига победа за да се кренеме. Во следните натпревари треба да одиграме како денес, како во Загреб и првото полувреме со Звезда“.
Следен ривал на МЗТ е екипата на Студентски центар и тоа во гости.