Пелистер си закажа пријателски со Работнички, Брегалница, Победа…

1214

 

Екипата на Пелистер од 27 јануари до 5 февруари, главниот дел од подготовките, ќе ги одработи во Охрид. Тимот предводен од новиот стратег Бобан Бабунски веќе десет дена е во “погон“, работи напорно, а за тоа каков е планот за тоа што ќе се работи во Охрид, свој коментар за „Спортмедиа“ има стратегот Бабунски:

„Да кажам прво дека сум задоволен од тоа што досега се работеше. Играчите го даваат својот максимум, имаме добри услови и се надевам дека така ќе биде и во Охрид. За таму закажавме и четири пријателски. Прво играме со Караорман на 27 јануари, потоа се среќаваме со Работнички на 31 јануари. Следуваат дулите со Брегалница и Победа на 4 и 8 февруари. Генерелката пред стартот на пролетниот дел во ВМФЛ ќе ја имаме против Тиквеш на 12 февруари“ ни изјави Бабунски.

ФОТО: Bitolanews

ПретходноНБА меч во Гевгелија, Еуро Никел сигурен!
СледноЊукасл првпат e непоразен на 15 натпревари по ред во Премиер лигата