Македонската ракометна репрезентација по првото полувреме против Тунис има негатива од два гола 14-16. Ова е втор меч во рамките на Президент Купот на Светското првенство.
Никола Митревски запиша седум одбрани, Манасков имаш шест гола, додека Кузмановски четири.
Нашите момци лошо го отворија мечот. Три загубени топки, пробивање и две промашувања на Пешевски и Георгиевски и 0-5 за Тунис по четри и пол минути игра. Не помогна ниту тајм-аутот на Лазаров, по четирите гола. Првиот гол Македонија го постигна Георгиевски во шестата минута за 1-5. Митревски при 1-6 ја запиша првата одбрана, Манасков со десетиот гол од седум метри намали на 2-6.
По голот на Талески за 3-7, нашата репрезентација не искористи цели две минути со играч повеќе на теренот. На другата страна поради лоша измена добивме две минути исклучување. Серафимов изнуди ново исклучување, а Манасков намали на 5-7, еден гол од седум метри, еден на празна мрежа. Ѓоргиев не успеа да реализира зицер на нова грешка на противникот.
Манасков со перфектната реализација од седум метри не држеше во игра (6-8), по одбраната на Митревски одново не се искористи шанса за минус еден, па казната дојде. Со нова серија, Тунис на наши грешки поведе со 7-11 во 18 минута. Овој период бевме со играч помалку.
Манасков намали на 8-11 од пенал, Митревски одбрани, а Кузмановски намали на 9-11. Никако не успеавме да го сопреме нападот на противникот, одбраната одново беше проблем, се примаа лесни голови.
По три перфектни минути благодарение на Кузмановски и Митревски, Македонија пак намали ан 12-14, но прими гол за 12-15. Избраниците на Лазаров никако не ја минуваа границата од минус два. Конечно вистински Кузмановски на овој шампионат за 14-15, Маркоски сам пред голманот не реализираше за израмнување. Следеше казна, не се снајдовме во финишот, па на одморот е 14-16.