По отказот од Ал Наср, Абубакар потпиша за Бешикташ

301

Доаѓањето на Кристијано Роналдо предизвика бура во Ал Наср. Клубот за да ја регистрира светската ѕвезда мораше да се ослободи од еден странец, па изборот падна на Винсент Абубакар. Камерунскиот напаѓач доби отказ, а тој не чекаше многу на нов ангажман.
Се врати во редовите на Бешикташ, клубот во кој играше пред да отиде во Ал Наср во 2021 година.
Ова е трет пат Камерунецот да игра за „Орлите“ од Истанбул. Првиот пат во сезоната 2016/17 како позајмен од Порто. Потоа во 2020/21 со постојан договор и сега со договор на 2,5 + 1 година.

 

ПретходноМиранчук со прекрасен гол му донесе победа на Торино над Фиорентина (видео)
СледноСевиља со гол од пенал го совлада Кадиз, Атлетико убедливо на дебито на Депај