32-годишната Мариборчанка Илка Штухец по повеќе од 4 години оствари победа во Светскиот кп во алпско скијање. Штухец денеска победи во спустот во Кортина долг една минута, пред Кајса Лие од Норвешка, која стартуваше со број 30, го имаше најбрзото време на средина напатеката, но на крајот заостана 26 стотинки и остана втора.
Словенката ја постигна првата победа по 19 декември 2018 година кога заврши победнички во Вал Гардена, каде беше најбрза во спуст и супервелеслалом.
Италијанката Куртони финишираше како трета, додека вчерашната победничка во Кортина, Софија Гоџа, не ја заврши трката.