Севиља успеа да ги освои бодовите во дуелот со Кадиз во 18.коло на Ла Лига благодарение на гол од пенал во финишот на мечот. Претходно Севиља која беше домаќин играше доминантно, постигна и гол во 45 минута кој беше поништен поради офсајд.
Во 59 минута тренерот Хорхе Сампаоли доби црвен картон поради бурна реакција кон судиите, па фудбалерите мораа да се снаоѓаат сами на теренот. Во 87 минута Иван Алехо играше со рака во сопствениот шеснаесетник по што судијата покажа пенал и црвен картон на играчот за врска.
Иван Ракитиќ погоди од пенал и ги донесе бодовите за Севиља која побегна од опасната зона и по некомплетно 18 коло е на 14. позиција. Кадиз е претпоследен.
Атлетико со 3:0 го совлада Ваљадолид. На овој меч дебитираше и новото засилување на „Јорганџиите“ Мемфис Депај кој влезе во 75 минута. Головите домашните ги постигнаа во првото полувреме, а стрелаа Мората, Гризман и Хермосо.
Processing Video…
Page will refresh when processing complete