Хрватската ракометна репрезентација ги одржа надежите за пласман во четвртфиналето на Светското првенство, секако истите ќе траат до завршување на дуелот меѓу Данска и САД. Избраниците на Хрвоје Хорват ја совладаа Белгија со 43-26 во вториот меч од главната рунда, сега треба да се молат на кикс на актуелниот светски првак, што пак е малку верливо.
Во едно вакво сценариот треба да се надеваат и на пораз на Данска од Египет во последното коло од главната рунда и секако нивна победа над Бахреин.
Данска во мечот со САД, кој стартува сега, влегува со шест бода, исто колку и Хрватска, познавајќи ги силите на актуелниот светски првак, тешко дека ќе пропушти шанса да си завери место во следната рунда.
Најефикасни во хрватскиот табор беа Мартиновиќ и Главаш со по пет гола, а кај Белгија со четири гола постигнаа Керими, Котерс и Робинс.
На втората средба од 18 часот, Норвешка со убедлива победа над Катар од 30-17 е новиот патник во четвртфиналето.